Категории

Сѐ има свој момент: Не задржувајте го оној кој сака да си замине

Времето е важно, почитувајте го. Тоа најдобро знае кога е вистинскиот момент некој да замине и да пристигне во вашиот живот

Заминувајте на време, дома, дури и ако никој не ве чека, после досадна забава, од пропадната врска и лоши навики. Заминете од депресијата и мрачните мисли, од се што ви предизвикува незадоволство, од болните моменти и негативните луѓе околу вас.
Заминувајте на време и не оставајте вашето тело да добие длабоки траги и лузни, не ја заразувајте својата душа со вината, чувствата кои ве оптеретуваат. Исфрлете се што ве влече надолу и го убива ентузијазмот во вас.

Ценете го вашиот живот повеќе отколку што другите го ценат. Ако некој друг го стави сопствениот живот над вашиот, сфатете дека вие сте единствено одговорни само за вашиот живот и вашата среќа, никој не дошол на овој свет како жртва.
Не е тешко да се изгубите себеси и да почнете да живеете нечиј друг живот и да живеете во нечиј друг свет, тешко е да се пронајдете себеси и да пронајдете сила и храброст да живеете за себе.
Но тоа е целта. Верувајте во себе и во својата интуиција, не постои друга одговорност која морате да ја носите освен да бидете одговорни за себеси.

Се што се случува во вашиот живот се случува со ваша дозвола. Вие одбирате како нештата ќе влијаат врз вас. Вие им дозволувате да доминираат, вие му дозволувате на стравот да влијае над вас, вие му давате сила. Исправете се и не дозволувајте никој и ништо да го контролира вашиот живот освен самите вие.

Завртете се, можеби дошол миг да заминете од се. Да заминете во потрага по она што ќе ве прави навистина среќни и благодарни.
Вистината е едноставно, на се му доаѓа крајот, и се доаѓа во свое време, дури и чудата. Затоа не држете се за нешто премногу долго ако тоа не е вашата вистинска среќа, препуштете се на ветрот на судбината, тој ќе ве однесе во вистинскиот правец.

Прегледи:
596
Објавено на:
16.11.2019