Категории

Сѐ ќе дојде во свое време

Некој завршува факултет на 22 години, а потоа три години бара работа.

Еден стана успешен директор на 25 години, а умре на 50.

Друг стана директор на 50, а живееше до 90.

Некој е сѐ уште сам, а други веќе имаат семејство и деца.

Макрон стана претседател на 39, а Роберт Мугабе дури на 63.

Шумахер стана шампион на 25 години, Нино Фарино на првата трка која победи имаше 44.

Ворен Бафет стана милијардер на 56, а Цукерберг на само 23.

Кајли Џенер стана најмлада милијардерка на 21 година, оставајќи ги далеку зад себе сите млади машки милијардери.

Прочуениот ирски пивар Артур Гинис на 56 години имал 21 дете, а Џорџ Клуни на 55 години прв пат стана татко.

Секој на овој свет води своја трка и оди по сопствениот пат, во свое време.

Времето е различно за секого.

Кога малку подобро ќе размислите, сѐ на светот се одвива во својата временска зона.

Вашите пријатели можат да бидат пред вас, а некои можеби и позади вас.

Сѐ е тоа природно.

Секој живее во своја временска зона.

Не треба да завидувате и да се споредувате со другите, бидејќи тие се во своја временска зона, а вие во своја.

Животот е момент, исчекување на вистински прилики да се остварите.

И затоа опуштете се и уживајте.

Не сте задоцниле.

Не сте ни подраниле.

Пристигнувате во вистинско време.

Прегледи:
515
Објавено на:
25.12.2021