С.О.С генерација: Секое трето прваче има вишок килограми!

Дебелината е сѐ повеќе застапена кај децата, но присутна е веќе од четвртата година, што е повеќе од алармантно. Таквата состојба е одраз на нездравата, брза исхрана и недостатокот на движење.

На прво место на листата болести и состојби која најчесто се утврдува кај децата на систематските прегледи е прекумерната тежина, покажуваат податоците од заводот за јавно здравство во Хрватска, за училишната 2017/18 година.

Медицински компликации кои ги предизвикува дебелината

Дебелината со себе носи бројни проблеми. Некои од нив се покажуваат уште во детството, а значително се зголемува ризикот од болести и состојби подоцнежните години.

Психосоцијални

• лоша самодоверба

• депресија

• квалитетот на животот

Бели дробови

• астма

• апнеа

• неможност да се вежба

Гастро

• проблеми со црниот дроб

• зголемен ризик за рак на дебелото црево

• можност за создавање каменец

Срце и крвни садови

• висок притисок

• зголемен ризик од срцеви заболувања

• атеросклероза

• зголемен холестерол

Жлезди

• дијабетес тип 2

• преран пубертет

• полицистични јајници

• намалено ниво на тестостерон

Репродуктивен состав

• зголемена склоност кон гинеколошки болести

• намалена плодност

Коски и зглобови

• оптеретување на зглобовите

• спуштени стапала

• почесто кршење на коските

• проблеми со колената




Коментари

коментари