Категории

Саем за сите вљубеници во книгата, од понеделник во книжарница Култура

Љубителите на пишаниот збор и сите оние кои се радуваат на мирисот на тазе испечатените листови хартија, ќе имаат можност да ја почувствуваат магијата во светот на книгите! Имено, од 5. ноември започнува традиционалниот есенски саем во Култура кој ќе трае сѐ до 15. ноември. 

На овој саем ќе бидат прикажани многу нови наслови, попусти, подароци и изненадувања проследени со дружење и забава. Целосната понуда може да ја погледнете во каталогот на веб страната на Култура.

Во прилог на овој настан, Култура подарува на својот фејсбук профил книги за најсреќните читатели, а тоа се најновите наслови кои својата промоција ќе ја имаат во текот на саемските денови.

Бидете дел од традиционалниот есенски саем во Култура и уживајте во содржините на делата на најпознатите домашни и светски автори.