Сајмон Ковел доби ѕвезда на патеката на славните во Холивуд

Во среда, 22-ри Август, креаторот и дел од жирито на „America’s Got Talent“, „X-Factor“, „American Idol“ ја доби честа да има своја ѕвезда на патеката на славните.

„Зошто ова толку долго чекаше? Ако некој вели дека славата е лоша работа, не знам за што зборува. Тоа е најдоброто нешто на светот“ – изјави тој во говорот кој го одржа на сцената.

За ова свое достигнување тој им се заблагодари за своите починати родители, семејството, пријателите и колегите.

Кели Кларксон, која победи на првото издание на „American Idol“, а денес е успешна пејачка, за Сајмон рече:

„Тој е најдобриот пријател кој некој може да го има. Тој беше дел од почетоците на многу денешни успешни музичари. Тој ја цени автентичноста, дури и во нешто со кое тој не се занимава. Тој ве цени да сте свои. Тоа е многу ретко во оваа индустрија.“

На церемонијата присуствуваа и Луис Томлинсон, Леона Луис, Грејс Вандерваал, поранешни учесници на неговите шоуа а денес успешни музичари. Присутни беа и останатите членови од жирито на „America’s Got Talent“, Мел Би, Хајди Клум и Хауви Мендел.

,,Ние двајцата растевме во исто време, во седумдесеттите години на минатиот век. Велика Британија тогаш не беше во боја, се беше црно и бело. Но, кога гледавме за Холивид преку нивните телевизиски емисии, музика и филмови, можевме само да се стремиме кон тоа. Растејќи, ова не е она што ние го очекувавме…да бидеме тука денес.“ – изјави извршниот директорот на Sony Music, Роб Стрингер.




Коментари

[fbcomments]