Категории

Сакам да знаете каков е мојот Бог…

Иако наизглед не го допирам, живеам и чекорам потпрен на него. И по кои патишта на одам, секогаш чекорам со неговата дланка. Чувствувам, неговото срце нема да се смири се додека и сам не станам дел од неговата дланка.  

Мојот Бог е близок. Тој живее покрај човекот и сета негова човечност ја дели со него. Не се наметнува и не ускратува никогаш. Затоа што нему му е се важно. Неговата пристност се рефлектира во се, тој диши низ се.

Мојот Бог е скромен, но не се задоволува со било што. Тој од секој човек очекува јасен животен одговор – неговото „да“ или „не“. И не го брза во сето тоа. Целиот живот е време кое му е подарено за да се одлучи. Целиот живот му го открива вистинскиот одговор.

Мојот Бог страда. Страда додека човек на човека, додека неговото сакано дете на неговото сакано дете му задава силна болка. И нема нити една рана која неговото битие не ја почувствувало.

Мојот Бог не е скржав и не се штеди себеси за човековата потреба, никогаш не ја испушта од вид. Го воочува секој најнезабележлив знак на добрина, и најбледата добра мисла, најтивкиот добар збор и најсокриениот чин на добрина.

Мојот Бог сака разноликост, и никогаш не се повторува. Во неговите очи секој е единствен. Во секој чин втиснат е белег на личноста. Тој сретнува секого со љубов. Разликува и капка од капка, и на секоја му се радува, и се радува што тие заедно можат да бидат море и да се прелеваат преку неговото срце.

Мојот Бог често останува вчудоневиден додека посматра како човек, незнаејќи нанесува страдање на некое друго битие, и останува воодушевен додека гледа колку човек може да поднесе, колку добрина може да искаже.

Мојот Бог е ведар. Неговото лице е постојано насмевнато и го осветлува сиот човеков живот. Ни во мрачните денови нити во најтемните срца неговата ведрина не избледува, туку на секому трпеливо му го подобрува новиот ден, и во секого неуморно буди нов човек.

Мојот Бог е полн со наклонетост и се труди да му ја покаже со сета своја сила. А кога животот ќе го скрши, тој потресен чекори покрај него и ништо не може да го оддели од него.

Мојот Бог верува дека човек може да искуси среќа и кога животот го предизвикува, и покрај силните неправди и во нај тешките одговорности, и дека може со радост и мир да појде кон смртта.

Иако наизглед не го допирам, живеам и чекорам потпрен на него. И по кои патишта на одам, секогаш чекорам со неговата дланка.
Чувствувам, неговото срце нема да се смири се додека и сам не станам дел од неговата дланка.

Прегледи:
289
Објавено на:
15.05.2020