“Сакам да знам” – Дали ќе успеам, ако останам тука? (ВИДЕО)

Неодамна на социјалните мрежи се појавија интересни видеа, кои поттикнаа многу прашања. Градски луѓе, луѓе од секојдневието и од музичкиот свет, одговараа, а ДС Колектив го најавуваа своето. Ова беше само дел од кампањата која најави уште нешто свежо на нашата музичка сцена.

Имено, се работи за младите и талентирани Стефан Сајковски и Александар Дренковски кои иако пред само неколку месеци се појавија како ДС Колектив, тие се музичари, кои оддамна креираат и создаваат музика со скопските бендови. Момците овој пат со својот видео запис за песната “Сакам да знам” отворија многу теми за разговор: Зошто се отселија луѓето од Македонија ? И што ако не се отселиш, можеш ли да го правиш тука, тоа што го сакаш ?

Песната која се појави пред само два дена, е дело на ДС Колектив во соработка со вокалите Елени Мицковска и Матеј Петров. И за крај, како што велат момците: “Успех е да го правиш тоа што го сакаш.”

Погледнете, па сами одговорете.




Коментари

коментари