Сакате да читате? Книгите што ги читате откриваат многу за вашиот карактер

Луѓето кои читаат книги знаат како да го поминат слободното време, ги разбираат луѓето околу нив, имаат подобри аналитички способности и многу се љубопитни.


Според истражувањата како најемпатични се покажаа луѓето кои најмногу уживаат во читање на драми и романтични теми, додека оние кои сакаат фикција имаат најпозитивно социјално однесување. Луѓето кои сакаат да ги читаат комедиите имаат најдобри резултати во односите со другите луѓе, а оние кои претпочитуваат експериментални книги се покажаа одлични во согледување на работите од различни перспективи.

Неколку карактеристики на луѓето кои сакаат да читаат:

  • Тие знаат како да го поминуваат слободното време, живеат во светот на фиктивните ликови и среќни се дури и кога немаат друштво.
  • Се обидуваат да ги разберат луѓето околу нив. Истражувањата покажаа дека луѓето кои сакаат да читаат, особено фантастика, се обидуваат да дознаат зошто некој лик од книгата се однесува на одреден начин. Овие сознанија несвесно ги практикуваат и во животот.
  • Имаат подобри аналитички способности.
  • Можете да научите многу од нив. Луѓето кои сакаат да читаат се преполни со информации, јасно и темелно знаат да го објаснат тоа што го сакаат и совршени се за квизови.
  • Сакаат активности надвор од домот. Сакаат да бидат дел од настаните во светот, градот, улицата… Луѓето кои читаат почесто одат на избори, ги посетуваат културните настани и повеќе се ангажираат во својата заедница.



Коментари

коментари