Сакате да готвите но миризбата низ домот ви го уништува задоволството? 6 совети како домот да ви мириса убаво

Колку што пржените компирчиња, лепчиња или пилешки прсти знаат да бидат вкусни, така мирисот на прженици може да трае со часови и денови низ дома. Риба, тестенини, сосеви, месо, печено , пржено.. вкусно, но специфичните мириси знаат долго да не потсетуваат дека тука нешто се готвело. Посебно сега во лето кога високите температури дополнително го отежнуваат проблемот. 

mother-cooking

За следен пат кога ќе сакате да си зготвите нешто вкусно без цела кујна и дневна соба да ви мирисаат на пржен зејтин, само следете ги овие совети:

 

1. Проветрејте го просторот уште пред да почнете. Отворете прозори, врати или пуштете клима. На овој начин ќе го олесните и забрзате струењето на воздухот и мирисот.

 

2. Но, затворете ги вратите од другите соби. Не заборавајте да го ограничите просторот во кој мирисот може да се прошири.

 

3. Штом завршите со пржење, веднаш измијте ги садовите и тавите, а вишокот масло ставете го во пластично шише и фрлете го во канта за отпадоци.

18kgn5wpnzmhnjpg

4. Направете пареа од вода и оцет. Во едно големо тенџере ставете 1 шолја вода и 1 лажица оцет. Загревајте додека не зоврие и почекајте неколку минути. Или исецкајте лимон и оставете од парченцата низ кујната.

 

5. Оставете мали садови со оцет, сода бикарбона, зрна кафе или исчеден лимон во кујната преку ноќ. Тие имаат моќ да го апсорбираат непријатниот мирис.

 

6. И последно и највкусно- испечете колачиња. Нема подобар начин да го прикриете мирисот на загорен зејтин, отколку со сладок мирис на штотуку испечени колачи.

fce4a-img_3777




Коментари

[fbcomments]