Категории

Сакате да учите за Хари Потер? Ова е можно на правниот факултет во Индија

Еден од најпрестижните правни факултети во Западен Бенгал, Националниот универзитет за правни науки Калкута, неодамна воведе нов предмет за своите студенти. Главна тема на предметот е финансискиот свет на Хари Потер, а целта е да се прикажат паралелите помеѓу приказната и реалноста.

Овој факултет не е единствен факултет со оваа идеја. Во Јеил и во Џорџтаун, исто така, може да се слуша ваков предмет, но не во насока на правото. Предметот ќе има 45 наставни часови кои ќе бидат базирани врз дискусии, а целта е да се поттикне креативното размислување.

Темите кои ќе бидат дискутирани во рамките на овој предмет се:

-правни традиции и институции

-бирократија во служба на магија

-непростиви клетви

-суедењето на Визенгамот (висок суд и парламент на волшебниците)

-дебата за невиноста на Сириус Блек

-прогонот на Том Ридли

-социјалните вредности, идентитетот и класните права

-маргинализација на врколаците, џиновите и кентаурите

-договори и агенции-нераскидиви завети, Снејп и Редот на Фениксот

-Квидич и спортските закони на Хогвортс

Прегледи:
358
Објавено на:
30.10.2018