Сакате ТОЈ да дотрча дома? Еве што треба, а што не треба да правите

Секоја година голем број вљубени двојки во Македонија одлучуваат да се венчаат. Како дел од таа ексклузивна одлука, се заветуваат дека цел живот ќе си бидат верни еден на друг и дека никогаш нема да бидат сексуално или љубовно блиски со некој друг. Се заветуваат дека ништо нема да ги попречи нивната вечна љубов и верност – никакви проблеми, грижи, животни фази или промени.

Меѓутоа, статистиките покажуваат дека една третина од нив ќе се разведат веќе во текот на првата деценија. Другите некако ќе ги издржат притисоците – мали деца и непреспани ноќи, бесни тинејџери и рати на кредитот, вишок килограми и први знаци на стареење – и ќе останат заедно подолго од 10 години. Денешните брачни односи се под поголем притисок од порано, како и очекувањата од партнерот и од брачната заедница. Статистиката покажува дека околу 60% мажи и 40% жени ги изневериле брачните завети. Причините што доведуваат до тоа се многубројни, а повеќето немаат никаква врска со бракот, туку со личните причини на неверниот партнер. Некои истражувања говорат дека повеќе од 50% мажи и 30% жени што биле неверни го проценуваат својот брак како среќен. Што тогаш можеме да направиме во долгогодишните врски за да ги направиме максимално непропустливи на неверство? Ви претставуваме некои од одговорите на ова прашање.

Спречете неверство: Што навистина не помага

Пред да поминеме на добрите совети, сакаме да ве спречиме да направите погрешни чекори. Некои начини на однесување, зборови и гестови навистина не помагаат, па можете лесно да ги избегнете.

Чување на партнерот

Однесување што го контролира движењето на партнерот. Ненадејни повици за да проверите каде е, ненадејни појавувања на местото на кое кажал дека ќе биде, проверување на неговиот телефон и компјутер.

Криење на партнерот

Спречување на пригодите на кои партнерот би можел да запознае некого или на желбите да се дружи со некого.

Монопол над времето на партнерот

Постојано поминување на слободното време со партнерот за да не запознае некоја друга, инсистирање да остане дома и да не излегува сам.

Закана со неверство

Кокетирање со други за да предизвикате љубомора кај партнерот, покажувате интерес за други мажи за да предизвикате несигурност кај партнерот.

Лутење и агресија кон партнерот

Заканување со раскинување, лутење, игнорирање на партнерот и кокетирање со други. Врескање на партнерот поради кокетирање, закани и физичко казнување на партнерот и изразување лутина ако излезе сам.

Емоционална манипулација

Плачење, молење и предизвикување вина кај партнерот. Закани со самоубиство или со нервен слом доколку партнерот покаже интерес за друга личност.

Манипулација со обврзување

Нагласување на потребата за целосна меѓусебна предаденост, манипулација со бременост и со свршувачка за да го обврзете на однос со вас.

Понижување на „конкуренцијата“

Истакнување на маните на другите. Измислување и ширење трачеви за другата жена, како и нагласување на нејзините лоши намери.

Претерано јавно сигнализирање на припадноста

Впечатливо преставување на партнерот на другите, раскажување интимни мигови, фаќање на раката на партнерот во присуство на другите, седење покрај него, истакнување на прстенот или на некој друг накит…

Вербално насилство

Вклучува ругање, понижување и намалување на вредноста на партнерот пред другите, раскажување навредливи приказни, отворени закани и насилство пред потенцијалните додворувачи.

 




Коментари

коментари