Категории

Сакате туна од конзерва? Можеби е добро да го знаете ова за вашето здравје!

Конзервирана храна како што е туна, пченка или грав може да содржи значително повеќе цинк отколку што се препорачува да се консумира на ден, според студијата спроведена на универзитетот Бингамтон во Њујорк.

Минералот цинк кој игра важна улога во многу телесни функции често се користи за да се измие внатрешноста на конзервата затоа што дејствува антимикробно. Научниците провериле колку цинкот од конзервата влијае на храната во неа и откриле дека одговорот е многу – до 100 пати повеќе од препорачаната дневна доза.

Потоа проучиле како нашиот дигестивен систем реагира на таа количина на цинк.

„Наночестичките на цинкот ја намалуваат површината што ги апсорбира хранливите материи, па хранливите материи од храната што ја јадеме нема да се искористат до крај”, вели професорот Гретчен Малер.

Дури и полошо, научниците откриле дека цинкот предизвикува воспаление. Сепак, не ги фрлајте сите конзерви од вашиот фрижидер. Научниците признаваат дека тие навистина не знаат дали овој силен цинк има долгорочен ефект врз нашето здравје. Можеби тоа е една од главните причини зошто тие и даваат приоритет на свежата храна, а во конзервираната може да уживате од време на време.

Прегледи:
710
Објавено на:
27.04.2018