Категории

Само Бог создава, но ти му даваш важност на она создаденото

Само Бог може да подари живот ни ти можеш да го пренесеш и создадеш.
Само Бог може да подари здравје, но ти можеш да се грижиш за него.

Само Бог може да подари верба, но ти можеш да го дадеш своето сведоштво.
Само Бог може да всади надеж, но ти можеш да му подареш на човек доверба.

Само Бог е извор на вистинска љубов а ти во Исус можеш да ја покажеш таа љубов и да ги подучиш другите како вистински се сака.
Само Бог моеже да подари вистински мир, но ти можеш да го пренесеш.

Само Бог може да даде сила, но ти можеш да ги охрабриш обесхрабрените.
Само Бог е пат, а ти можеш да им го покажеш на другите.

Само Бог е светлина, но ти можеш да направиш тоа да свети во очите на другите.
САмо Бог може да го направи невозможното, но ти можеш да правиш можното.
Само Бог е сам по себе доволен, но Тој сепак смета на тебе.

Прегледи:
80
Објавено на:
26.11.2020