Категории

„Само љубовта е незаменлива“ е пораката на прекрасната божиќна реклама на Икеа. Погледнете ја!

Уште една во низата божиќни реклами кои не можат да ве остават рамнодушни, доѓа од компанијата Икеа.

Божиќните реклами на одредени брендови секоја година повторно не воодушевуваат со своите креативни решенија, но и емоции. Последната во низата кои не трогнаа е на Икеа испраќајќи порака дека само љубовта е незаменлива.

На видеото може да го видите домот на еден пар кој живее со куче кое тагува од моментот кога му ја тргнале омилената фотелја во која уживало да седи. Но, освен што му била удобна и мека, фотелјата за него имала и уште поважна намена.

Неговите сопственици ја почувствувале големата тага на кучето, па набргу ја поправиле грешката за да го направат своето милениче среќно.

За да не ви откриваме премногу, во продолжение погледнете ја оваа прекрасна реклама која ќе ве потсети дека само љубовта е незаменлива.

Прегледи:
621
Објавено на:
20.11.2021