Само мудрите дами ги почитуваат и следат овие животни совети

„Ако не можеш да одлучиш дали сакаш да изедеш некое овошје или парче чоколадо, наместо тоа напиј се вода.“

Не е само искуството она кое не прави мудри. Мудроста всушност се мери со начинот на кој некој го искористува своето искуство.

Мудрите жени го прилагодуваат својот живот на она на кое искуството ги научило. Успешно филтрираат се што ги замара, а не им дава резултати, ги исфрлаат негативните нешта со кои не мораат да се занимаваат, ги избегнуваат ситуациите за кои знаат дека подоцнат ќе зажалат.

Ви ги донесуваме животните совети кои мудрите дами ги знаат и ги практикуваат.

1.Без оглед на тоа колку забавата е одлична, секогаш ќе се чувствуваш подобро ако – наместо на подот или во туѓ кревет, утрото ќе се разбудиш во сопствената соба.

2.Ако не можеш да одлучиш дали сакаш да изедеш некое овошје или парче чоколадо, наместо тоа напиј се вода.

3.Ако часовникот покажува дека веќе е полноќ, а ти сфаќаш дека треба да ја измиеш косата, да ги издепилираш нозете и да ги налакираш рацете. Оди на спиење. Сето тоа можеш да го направиш наутро, но ништо не може да го сокрие твоето исцрпено лице ако не се наспиеш.

4.Патувај. Користи било каква прилика да посетиш некое ново место. Патувањето е одличен начин да стекнеш искуство, знаење, мудрост, и да престанеш да се чувствуваш старо. Да имаш чувство дека и понатаму живееш.

5.Пред да го изнесеш своето мислење или се вклучиш во расправа која ја водат други луѓе, секогаш прво постави си го прашањето: „Дали тоа ме засега мене воопшто?“, „Дали е важно ако не кажам што мислам?“. Ако одговорот е „не“, тогаш зошто да го трошиш времето на тоа?

6.Вложување на време и емоции во некој кој спрема тебе се однесува ужасно и му нема помош, тогаш тоа е работа за доктори а не за тебе.

7.Помеѓу бурната романса и шансите да останеш независна, секогаш избирај ја независноста.

8.Препреките никогаш не му помогнале некому да ја открие вистината, но му дале мигрена. Ако што побрзо се извлечеш од препреките, ќе заштедиш време и нерви.

9.Неколку дена поминати во осаменост, во опуштено друштво на самата себе и своите мисли, ќе направиш многу повеќе за твоето здравје од било кој спа центар, масажа или детокс програма.

10.Нити еден состанок не е толку важен да мораш да носиш нешто што ти стои лошо, е болно, или е потполно спротивно на твојот стил.




Коментари

[fbcomments]