Категории

Само оној кој помага од срце секогаш ќе го следи благодарност и среќа

„Благодарноста, како одредени цвеќиња, не може да процвета на големи висини. Наместо тоа, цвета во добрата земја на понизните.“

Дали некогаш сте го искусиле она прекрасно чувство кое ве обзема кога некој ќе ви помогне, и тоа ќе го направи од срце и со љубов, не очекувајќи ништо за возврат? Тоа е сигурно едно од најдобрите чувства кои можеме да ги осетиме, затоа што не тера да се чувствуваме блиско со другите.

Исто така, чувството кое не обзема после помагањето на оние на кои тоа им е потребно, не очекувајќи ништо за возврат, понекогаш е дури и подобро од она кое го чувствуваме кога ќе се случи обратното. Затоа немојте да се двоумите, вложете го своето срце во она што го давате на другите. наградата ќе биде многу поголема од онаа која би ја постигнале делувајќи себично.

Вложете го своето срце во она што го правите.

Кога од срце правите нешта е позитивно, не само за оние кои примаат туку и за оние кои даваат. Давањето на нешто без чекање истото да се врати, има извонредни последици. Еден од првите е да се чувствувате задоволни со себе, а тоа секако доведува со силен пораст на самодовербата. Зголемување на љубовта кон себеси не прави по самоуверени.

„Благодарноста, како одредени цвеќиња, не може да процвета на големи висини. Наместо тоа, двета во добрата земја на понизните.“

-Хозе Марти

Кога ќе направите нешто добро за некого кого го сакате, не го правите тоа размислувајќи за користа која ќе ви ја донесе во иднина. Ако тоа го направите, во тоа не го вложувате своето срце, туку себичност. Всушност многу често најголема награда за нашите постапки е да знаеме дека некому правиме добро.

Во поголемиот дел од случаите, луѓето ќе можат да го ценат гестот на еден или на друг начин, меѓутоа мораме да делуваме понизно и да им помагаме на оние кои го заслужуваат тоа.

Бидете благодарни на она што другите го прават за вас.

„Човек гледа добро само со срцето. Само најважното е невидливо со очите.“

-Антоин Де Сен-Егзипери

Прегледи:
640
Објавено на:
11.02.2020