Само ти можеш да се избориш за сопствената цел

Ништо не се случува само од себе. Мораш да се будиш секој ден и да се трудиш да ги направиш нештата да функционираат. 

Ништо не се случува само од себе.
Мораш да се будиш секој ден и да се трудиш да ги направиш нештата да функционираат.

Мораш да го правиш сето тоа, повторно и повторно, секое утро, да вложуваш во шансите кои ти ги нуди секој нов ден. Мораш да научиш да се носиш со проблемите со достоинство и да го почитуваш она на кое се обидуваат да те научат.

Мораш да се ослободиш од своите несигурности, или барем да се трудиш да ги потиснуваш, полека по полека се додека комплетно не се ослободиш од нив.

Не смееш да му дозволиш на стравот да те парализира и да те води.
Никој нема да ти каже колку е сето тоа тешко, колку е тешко да продолжиш напред. Тоа ќе го научиш сам затоа што само така ќе знаеш колку многу си вложил и колку треба да го цениш својот труд.




Коментари

[fbcomments]