Само вистинскиот пријател би ги направил овие нешта за вас

Овие 6 нешта покажуваат кој е ваш вистински пријател

Колку пријатели имате? Кои од нив се вистински? Ако немате вистински пријатели, погледнете што треба да направите за ги стекнете, а ако ги имате, тогаш ова веќе го знаете, но не би било лошо да се потсетите..

Вистинскиот пријател секогаш би требало..

Да најде време
Вистинскиот пријател секогаш прави место за пријателите во својот распоред. Запишете се заедно на курс како би имале шанса да се гледате почесто. После тоа, одете заедно на кафе или во прошетка. Поголемиот дел од жените почнуваат да сметаат некого за свој пријател после шест или осум средби и после два месеца одржување контакт.

Да поттикнува позитивност
Добро е да имате некој на кого ќе можете да му се доверите, да ја споделите вашата тага и да се пожалите, но не треба да претерувате со тоа. Пофалете го вашиот пријател и заблагодарете му се за тоа што го направил, пробајте нешто ново заедно, смејте се. Најдобрите пријателки се оние кои заедно се смеат, се поддржуваат една со друга, се радуваат на успесите заедно.

Да одржува конктакти на сите начини
Немојте да дозволите комуникацијата да ви се сведи на друштвените мрежи. Убаво е понекогаш да покажете внимание една на друга на тој начин, но уште поубаво е да поминувате време заедно или да се слушате на телефон.

Да се издвојува од другите
Пријателите кои ги сакате немојте никогаш да им ги честитате родендените преку социјалните мрежи, повикајте ги или одете кај нив да им честитате. Издвојте се од другите.

Да умее да слуша
Научете да ги слушате вашите пријатели. Но навистина да ги слушате. Нив многу ќе им значи доколку забелжат дека се интересирате за нешто за што ви раскажувале, покажете дека навистина сте го сфатиле тоа е не сте се смешкале и кимале со главата.




Коментари

[fbcomments]