Категории

Само за жените кои знаат што сакаат: Новата Шанел колекција е дефиниција за гламур и луксузна едноставност

Модната куќа Шанел ја претстави својата колекција за есен/зима 2020 на Модната недела во Париз.

Колекцијата изобилува со удобни и практични парчиња кои лесно се вклопуваат во речиси секој стил, но исто така се и гламурозни, како што сме навикнале кога станува збор за оваа француска модна куќа.

Сепак, во наредната студена сезона дамите ќе носат полежерен, може да се каже дури и поодважен гламур. Монотонијата во колекцијата е вешто избегната преку изборот на материјалот, но и деталите како впечатливите копчиња.

Тука се и ланчињата и другите украси, но и аксесоарите и другите додатоци во впечатливи бои кои одлично се сложуваат со секој од претставените модели.

Шанел ни во оваа колекција не заборави на дамите кои преферираат впечатливи бои, па така моделите се најчесто во бордо боја, која со години важи за една од најпосакуваните во зимските месеци.

Креаторката Вирџини Вијар, која го наследи Карл Лагерфелд по неговата смрт и чиј потпис се наоѓа на сите парчиња во претставената колекција, истакна дека сакала жените кои ќе ги носат овие модни парчиња во исто време да се чувствуваат слободно, гламурозно и женствено.

Доминираат црно-белите комбинации, а доста модели се во сива боја.

Прегледи:
597
Објавено на:
06.03.2020