Самохран татко и неговата ќерка носат исти тулови за неодоливата фотосесија!

Ако го запрашате Кејси Филдс да се опише себеси, тој ќе ви рече дека е мажествен. Но, самохраниот татко од Тексас бил повеќе од среќен да облече тул за симпатична фотосесија со неговата 1-годишна ќерка Лила.

Фотосесијата создадена од фотографот Џен Флојд стана популарна по социјалните мрежи ширум светот. И Кејси се надева дека на овој начин ќе им покаже и на другите татковци дека е во ред да направат исклучок кога се работи за нивните деца и дека тоа нема да ја загрози нивната машкост.

„Никогаш претходно не сум носел тул“, вели тој. „Дефинитивно вредеше да го направам тоа за Лила“.

Кејси и ги лакирал ноктите на ќерка си, јаделе колачња заедно, поминувајќи неверојатни заеднички мигови на фотосесијата.

„Едноставно сакав да создадам фотографии преку кои ќе се гледа нивната природна интеракција и љубовта која ја имаат еден за друг“, објаснува Флојд.

„Лила беше толку слатка и уживаше со својот татко, трчаше наоколу и се смееше“.

 




Коментари

[fbcomments]