Категории

Сè она што не иритира кај другите всушност не води кон самозапознавање

Не можете да сакате или да мразите нешто кај некого освен ако во него не го гледате одразено тоа што го сакате или мразите кај себе. – Ако животот е игра ова се правилата, Чери Картер Скот

Еве што ни открива книганта на психологот д-р Чери Картер Скот :

Начинот на кој ја прифаќаме околината е многу точен барометар на нашиот однос кон самите себе често пати однесувањето зборува повеќе за вас отоколку за другите. Првата причина за одобрувањто или неодобрувањето за одредената црта во карактерот или елементот од поведението на некого е вашето однесување кон истата таа црта или елемент со вас. Низ животот, како и низ секојдневието склони сме да ги засакаме оние, со кои си личиме и да ги отфлиме оние кои ги покажуваат нашите недостатоци. Прифаќањата се преточени преку призмата на поминатото искуство, чувстнивата и мислите или со други зборови тие се одраз  на нашиот внатрешен свет.

Да го земеме за пример она на што се восхитуваме: силата, интелектуалниот потенцијал, моралните достигнувања. Тоа се вашите квалитети кои ги определувате како позитивни и достоинствени за почит. Гледајќи од овој агол оваа информација ви помага да ја избистрите претставата за својата сопствена значајност. Во обратен случај луѓето, кои ги гледате со недоверба и ги осудувате, повторно се како огледало кое ги одразува информациите на вашите недостатоци или тоа што не ви се допаѓа кај вас. Раздразнетоста глевот и болката во такви моменти не се ништо друго освен можност за излекување на старите рани предизвикани од некаков поминат инцидент.

Слабоста гледана во друг, веројатно е можност да покажете мало разбирање, сочувство или пак е оздравувачка терапија за суровата самокритика и ниска самодоверба.

Бидејќи другите се само огледала кои го одразуваат вашиот лик.