Категории

Самурајот кој го видел и рајот и пеколот

Стара јапонска легенда со силна порака која никогаш нема да ја заборавите

Големиот и силен самурај дошол кај слабиот и изнемоштен монах.
„Монаху“, рече тој со силен глас, навикнат сите веднаш да му се покоруваат „Научи ме за рајот и пеколот“

Монахот го подигнал погледот кон силниот воин и низ презир му рекол: „Тебе да научам за рајот и пеколот? Ти не можеш да научиш нешто. Гледај каков си валкан, смрдиш. Мечот ти е за’рѓан. Ти си срам за сите самураи. Тргни ми се од пред очи, не сакам повеќе да те гледам.“

Самурајот поцрвенел, почнал да се тресе и да беснее од гнев. Го извлекол својот меч и речиси замавнал врз монахот.

„Ете, тоа е пеколот“, рекол монахот со тивок глас.

Самурајот одеднаш застанал, здивот му се изгубил. Бил запрепастен од реализацијата и разоружан од сочувството и предаденоста на слабиот човек кој бил подготвен да го даде својот живот само за да го научи што е пекол. Тој полека го спуштил мечот, мирно клекнал пред него и ја наведнал главата.

„А тоа, е рајот.“ , благо рекол монахот.

Прегледи:
693
Објавено на:
28.03.2020