Категории

Сара Фешн – Со попусти до -70% за своите 22 години

Модниот македонски бренд Сара Фешн (СФ) овие денови ја прославува најголемата роденденска акција досега. По повод 22 години постоење Сара Фешн ве поканува на големи попусти за заедничко уживање!! Попустите до -70% започнаа и ќе траат до 3ти октомври во сите продажни места на СФ и онлајн на sarafashion.mk.

Сара Фешн од мала семејна продавница прерасна во голема компанија која постојано е во тек со последните светски модни трендови.
Присутни се на пазарот повеќе од две децении и специјализирани за производство и продажба на долна облека, пижами, чорапи, костими за капење и многу други производи.

22 години заедно растеме, се надоградуваме и се радуваме. 22 години заедно создаваме и се надополнуваме. Инспирирани сме од насмевките и задоволството на нашите потрошувачи од кои неуморно црпиме инспирација, создавајќи секогаш повеќе за сите нас. Нашиот квалитет и долгорочноста на опстојување на пазарот се должи на истрајноста и уживањето во она што го креираме. На пиедесталот се нашите верни потрошувачи кои цели 22 години не усмеруваат кон патот на успехот, заедно испишувајќи историја. Постоиме за нив, а нашата благодарност ја искажуваме преку нашата доследнот, создавајќи акции со одлични цени и квалитет во кои тие максимално уживаат во своиоте шопинг денови. Роденденската акција е една од нив. Креирана е со многу љубов и посветеност, искажувајќи го нашиот квалитет и претставувајќи го широкиот асортиман од кој може да одбере секој член од вашето семејство. Секогаш се фокусираме кон нашите цели со нивно исполнување и зголемување на аортиманот со понуда која е достапна и привлечна за секого. Нашата јасна цел и визија, надополнета со развој на брендовите, постојано вложување во работата и маркетинг стратегиите кулминираат со загарантиран успех и
препознатливост на пазарот.изјавија од тимот на Сара Фешн.

Овие денови тие ги претставија и своите нови колекции на долна облека и пижами, па така новите колекции заедно со “Роденденската акција” можете да ги погледнете онлајн на нивната официјална веб страна www.sarafashion.mk и на нивните профили на социјалните медиуми на фејсбук и инстаграм!

Сара Фешн освен во Македонија свои продавници има и во Србија и Косово, а горди се на своите брендови SF, Red Star, Tamara, како и застапништвото на светски познатите брендови Penti, NBB, Pompea, како и уште неколку други брендови кои ги имаат во својата понуда.