„School’s out” забава во ЗОО Скопје со Стефонатор, ЏП и Денсерс Јунајтед

За да го прославиме крајот на училишната година и да се радуваме на распустот кој следува, на 9-ти Јуни во Скопје ЗОО, за учениците подготвивме возбудлив настан. 

Со почеток во 13:00, посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и европски шампиони во хип хоп, „DANCERS UNITED“ Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ на 18 мај во Римини, Италија освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип хоп.

Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е 5-ти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015. За сите посетители ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.




Коментари

коментари