Категории

Се будите со подуени очи? Трикот за убави очи е едноставен и се крие во кујната

Прекрасната Шеј Мичел, ѕвездата од Pretty Little Liars, неодамна влезе во третата деценија од животот, а изгледа секогаш свежо и беспрекорно, без разлика дали носи шминка или не. 

Беспрекорниот изглед ја направи заштитно лице на Bioré, а таа продолжува да блеска со едноставни трикови кои се толку базични, што е неверојатно.

Кога ја запрашале кој е најлесниот трик за разубавување? Таа одговорила „лажица“, а тоа секако ви звучи чудно. Таа лажицата ја користи за совршена кожа на очите. Како? Таа открива дека постојано практикува да ја стави лажицата во фрижидер 10-тина минути, па потоа ја става на очите и тоа го практикува секој ден. Тоа и ја намалува подуеноста, преку забрзување на циркулацијата од ладното, кожата изгледа поубаво и поеластично. Па така следен пат кога ќе се разбудите наутро со подуени очи, појдете во кујната на разубавување.

Прегледи:
210
Објавено на:
23.06.2017