Категории

Сè додека не го освестите несвесното, тоа ќе владее со вашиот живот и ќе го нарекувате судбина

Карл Јунг, познат швајцарски психијатар, остави значајни упатства во психологијата, психотерапијата и начините за набљудување и учење за човечката потсвест. Многу од неговите цитати можат да нè поттикнат да размислуваме за животот, да ги толкуваме нашите постапки и да ни помогнат подобро да се разбереме себеси. Каква иднина не очекува зависи од нашите визии, навики, погледи на животот, светот, но најмногу од тоа како се гледаме на себе.

Ви носиме 3 вредни цитати од Карл Јунг кои можат да ви помогнат подобро да се разберете себеси и да го создадете животот што го сакате:

„Сè додека не го освестите несвесното, тоа ќе владее со вашиот живот и ќе го нарекувате судбина.“

Доаѓаме на овој свет без да го избереме местото на нашето раѓање, верувањата или околностите што не опкружуваат. Човечкиот ум секогаш апсорбира информации, но што точно се наоѓа во нашата потсвест, што ни дава знаење за изворот на некои наши верувања, желби и емоции кои не можеме ни целосно да ги разбереме? Ѕирнете во вашата потсвест, во вашите длабочини, откријте од каде потекнуваат вашите верувања, што е тоа што ги вади на површина.

„Нишалото на умот се ниша помеѓу разумот и глупоста, а не помеѓу доброто и злото“.

Знаењето и мудроста не се иста работа. Најважно е да научите од искуството – пред секоја одлука размислете дали можеби ќе ја направите истата грешка, дали е во согласност со моќта на вашиот ум или емоциите го диктираат вашиот пат.

„Познавањето на сопствената темнина е најдобриот начин да се справите со темнината на другите луѓе.“

Секој од нас има темна страна и кога ќе сфатите која е ваша, ќе разберете дека секој од вас води внатрешна борба во себе. Во интеракцијата со другите луѓе, ние не ги гледаме како што мислат дека се, туку како што изгледаат кога ги гледаме низ призмата на нашето лично животно искуство. Со овој пристап, секој човек е одраз на нас самите. Наместо да наоѓате маани кај другите, ѕирнете во вашето битие, откријте кои недостатоци се кријат во вас, а потоа почнете да работите на личен развој. Сфаќањето на вашите грешки и недостатоци е првиот чекор кон позитивна трансформација и подобрување на односите со себе, како и со другите.

Прегледи:
170
Објавено на:
30.01.2022