Категории

Се двоумите дали да одите на прв состанок или не? – Еве како ќе ја донесете вистинската одлука

Да му дадете шанса или не? Ако веќе имате чувство дека нема да успее, ако не се ни обидете малку да се дотерате, оставите најдобар впечаток, да импресионирате, не значи дека сакате да бидете такви какви што сте, туку дека не ви е гајле. Веќе потсвесно однапред сте решиле да не му давате шанса и да не очекувате ништо. А негрижата всушност е многу лоша за љубовта. Не трошете го вашето време!

Друга ситуација која ве тера да размислите дали да одите или не е ако по разговорот или допишувањето со некоја личност имате впечаток дека нешто не е во ред. Тоа што ви изгледа не е воопшто случајност. Вашата интуиција ви испраќа алармни сигнали. Не треба да одите на состанок ако имате непријатно чувство, ако мислевте дека е чуден, ако сте исплашени од некои негови изјави или став, дури и ако се извини потоа… Големи се шансите да нема добро намери кон вас.


Кога донесувате одлука, најдобро е да се слушате себеси. Игнорирајте го малиот глас кој вели „засекогаш ќе останеш сама“ и слично. Не плашете се од осаменоста. Не дозволувајте таа да ве присилува да прифатите некого само за да не бидете сами. Работете на себе, на вашата самодоверба, на прифаќање и станување свесни за вашите потреби.

Прегледи:
166
Објавено на:
10.07.2022