Категории

Се избира манекен од „реалните“ мажи, килограмите и мускулите не се важни!

Ако сакате да бидете манекен, а немате плочки на стомакот и гради цврсти како камен, тогаш овој натпревар е совршен за вас..

Калифорнискиот бренд Chubbies организира натпревар за мажи кои сонуваат да бидат манекени, но не изгледаат како манекени. Овој бренд истакнува дека „реалните“ мажи треба да бидат манекени и да покажат како облеката би стоела на личности кои имаат стомак, кои не тренираат и немаат истонирани мускули.
Токму заради таквото размислување овој бренд станува се повеќе популарен, а за тоа дополнително да му го докажат на светот, Chubbies организираат натпревар каде што може да се пријават сите мажи без разлика на килограмите и градбата. Победникот на овој натпревар ќе добие 2 годишен договор со овој бренд, можност бесплатно да купува во нивните продавници до крајот на животот, како и професионални фотографии и видео клипови.

Ако сакате да аплицирате или па да гласате за некој од кандидатите, посетете го линкот