Категории

„Се надевам ќе пронајдеш некој кој ќе го преврти твојот свет“ – Кукла од Памук

Се надевам дека секој ден одново и одново ќе се вљубувате еден во друг и ќе го покажувате тоа на милион начини..
Се надевам дека ќе пронајдеш некого кој ќе те разбери дури и кога нема да можеш да се разбереш сам себеси

“Се надевам дека еден ден ќе пронајдеш некој кој ќе направи да почувствуваш пеперутки во стомакот истиот момент штом го сретнеш, а штом го допреш за прв пат во телото ти се распламтат милион огномети.
Се надевам дека вашиот прв бакнеж ќе направи да ти затрепери тлото под нозете и кога си со него нема никогаш да посакаш да си отидеш. Се надевам дека ти ќе бидеш првото и последното нешто на кое ќе помислува секој нов ден.

Се надевам дека дури се воздржувате пред другите, вашите дланки ќе горат додека се допирате кога сте сами, и само еден поглед ќе биде доволен да сфатите колку жеднеете еден за друг. Се надевам дека ќе му го дадеш целото свое срце без страв затоа што ќе знаеш дека никогаш не би го повредил..

Се надевам дека ќе пронајдеш некого кој ќе те разбери дури и кога нема да можеш да се разбереш сам себеси, ќе ти го кажува она што го мисли а не она кое ти сакаш да го чуеш.
Се надевам дека во неговите дланки ќе се чувствуваш како последното парче од слагалицата, како да се најбезбедното место на светот. Се надевам дека вашата љубов ќе биде многу по жестока отколку лутината кога ќе се скарате, и секогаш ќе успева да ја победи.

Се надевам дека кога ќе сте заедно светот ќе биде лудо љубоморен на вас, каде и да зачекорите нивните очи ќе пламтат а срцата ќе им заигруваат од вашето присуство. Се надевам дека нема да можете да живеете еден без друг, да дишете еден без друг.. Нема да можете мирно да спиете затоа што ќе сакате да го поминете секој миг заедно.

Се надевам дека ќе те сака и тогаш кога нема да се сакаш себеси. Се надевам дека ќе се сакате безусловно, со сето добро и сето зло. Се надевам дека кога ќе го пронајдеш, целиот твој живот ќе добие поинаква смисла и иднината веќе нема да изгледа страшно, туку возбудливо.

Се надевам дека секој ден одново и одново ќе се вљубувате еден во друг и ќе го покажувате тоа на милион начини..
Се надевам дека кога ќе го пронајдеш, ќе го сфатиш тоа пред да е многу доцна, се надевам дека ќе го фатиш цврсто и никогаш нема да го пуштиш и никогаш нема да се откажеш од него а ни тој од тебе.. И колку да е тешко, и колку да е невозможно..
Се надевам дека ќе го пронајдеш.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
819
Објавено на:
10.07.2020