Во нашиот регион се наоѓа држава која доби меѓународно признание за екологија и одржливост.
Обединетите нации 2017-та година ја прогласија за меѓународна година на одржливиот туризам. Земјата која доби најмногу бодови во сите категории и со тоа титулата победник е Словенија. Титулата „најодржлива“ земја дојде откако е утврдено дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори на одржливост.
Поголемиот дел од високорангираните земји имаа околу 80 задоволувачки индикатори. Некои од нив се грижата за околината и климатските промени, биодиверзитетот, културната авентичност и други. Оваа вест многумина не ги изненади, со оглед на тоа дека словенечката престолнина Љубљана, беше прогласена за најзелен град во Европа за 2016-та година.
Оваа награда дошла како резултат на напорната работа на владата, која воведе низа еколошки мерки и закони. Еден од нив е дека отпадот мора, уште во најраните фази, да се одвојува на пластичен, хартиен и био- отпад. Со тоа е осигурано дека третина од отпадот произведен во текот на годината се рециклира.
Со воведувањето на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење автомобили низ центрите на поголемите градови, Словенците успеаја драстично да ја намалат емисијата на штетните гасови. Природните гасови исто така се користат за греење на станбените простори. Податоците покажуваа дека околу 500 метри квадратни има по глава на секој градски жител.
Уште една од причините поради кои Словенија ја заслужи споменатата титула е и фактот дека 60 проценти од територијата на оваа држава е покриена со шума. На тоа треба да се додаде и податокот дека во Словенија постојат 20.000 видови на животни и билни кои несметано живеат во 40 национални паркови и резервати.
-Бидете горди на својата земја и потрудете се секое место во вашата земја да биде гордо и за пет години од денешниот ден, така што ќе остане зелено, чисто и автентично за туристите, изјави Албер Салман на свечената церемонија на доделувањето на наградата.