Чек дис аут
Search


Се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија: Ова се земјите кои влегоа во големото финале! (ВИДЕО)

Вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер на овогодинешното издание на Евровизија во Тел Авив, Израел. На гламурозната сцена имавме можност да видиме спектакуларни настапи, одлични композиции, како и совршени сценографии прилагодени на изведувачите. 

На сцената настапија претставниците на 17 земји, а ова се десетте кои обезбедија место во големото финале кое ќе се одржи на 18 мај. Втората полуфинална вечер ќе се одржи на 16. мај, каде што за пласман ќе се бори и нашата претставничка Тамара Тодевска со одличната нумера „Proud“. Погледнете ги композициите кои се пласираа во првата полуфинална вечер!

Србија – Nevena Božović – „Kruna“

Белорусија – ZENA – „Like It“

Грција – Katerine Duska – „Better Love“

Кипар – Tamta – „Replay“

Естонија – Victor Crone – „Storm“

Чешка – Lake Malawi – „Friend of a Friend“

Австралија – Kate Miller-Heidke – „Zero Gravity“

Исланд – Hatari – „Hatrið mun sigra“

Словенија – Zala Kralj & Gašper Šantl – „Sebi“

Сан Марино – Serhat – „Say Na Na Na“




Коментари

коментари