Се отвори зимскиот гејминг центар „Дежа Ву Парк“: Местото каде што детските фантазии стануваат реалност!

Во текот на изминатите години „Дежа ву“ прерасна во бренд кој ги собира на едно место љубителите на квалитетна и вкусна храна, пијалак и пријатна атмосфера, без разлика дали станува збор за попладневен ручек или пак ноќна забава носејќи ги најпознатите музички имиња од регионот. Поради своите капацитети со кои рапсполага, „Дежа ву“ е синоним за квалитет во секој аспект.

Поради тоа, воопшто не е изненадувачки фактот што во овој локал се отвори и најголемиот зимски гејминг центар со големина од 700 м2, нудејќи 40 најнови 3Д игри кои важат за најпопуларни игри во светот. Оваа игротека е опремена по светските стандарди исполнувајќи ги сите услови кои се потребни најмладите да се забавуваат и да бидат анимирани во текот на престојот.
Отсега имате можност да му овозможите на своето дете или внуче сѐ што му е потребно да биде анимирано во текот на целиот ден и во зимскиот период бидејќи во „Дежа ву Парк“ освен многубројните игри со најнова технологија, има и колички од кои и најновите 9D симулатори, а ова место може да биде одлична идеја и за прославување на детски роденден исполнет со многу забава, динамика и шаренило од бои. Оваа игротека е прилагодена за сите деца во сите возрасти, а отворена е од 8 часот наутро до 12 часот.

Децата се нашето најголемо богатство и заслужуваат да бидат среќни и насмеани, а детскиот парк „Дежа ву Парк“ постои токму за нив. Овозможете му на вашето дете да ги помине зимските денови забавувајќи се со другарчињата, додека вие го пиете утринското кафе и уживате во топлата и пријатна атмосфера.

Изберете го „Дежа ву Парк“ за ваша омилена дестинација заедно со најмладите членови на вашето семејство и бидете причина за многу детски искрени насмевки.




Коментари

коментари