Се подготвуваат нови адаптации на “Војна на световите“ и “Временска машина“

Енди Мушиети ќе ја режира новата филмска адаптација, на делото на Х.Г. Велс, “Временска машина“. Наводно е веќе напишано сценариото за филмот.

Иако филмот е обработуван во неколку различни медиуми, ова ќе биде четвртата филмска адаптација. Првата адаптација е снимена во 1960 година. За сега не е познато кога можеме да ја очекуваме четвртата адаптација.

Што се однесува до новата адаптација на “Војната на световите“, се работи за серија за која сценариото го пишува Хауард Овермен (Мерлин, Атлантис, Мисфитс). Дејствието ќе се одвива во модерното време, како во адаптацијата на Спилберг од 2005-та година. Серијата ќе почне со продукција следната година.




Коментари

коментари