Се преселиле од Москва во Барселона, во овој прекрасен стан од соништата

Дали некогаш сте размислувале да спакувате неколку куфери и дефинитивно да се преселите во нов град каде што јазикот, културата и пејзажите се многу поинакви од вашите?

Ова беше токму она што Тами и Глеб, млад пар од Москва, го направија кога се вљубија во Барселона и во климата, луѓето и околните планини за време на нивниот одмор таму пред четири години. Тие не поминале многу време во потрага по нивниот нов дом.

,,Погледнавме околу десет станови пред да наидеме на ова, во населбата Сарија, многу погоден за семееен живот”, вели Тами. ,,Станот изгледаше грдо, со украси од раните 60-ти години, но беше полн со светлина и потенцијал да се промени се што е во него според нашиот вкус. И навистина ни се допадна овој висок плафон” – вели Тами.

За само пет месеци – и со стручната помош на пријателката Абел Перез, која е дизајнер на ентериер – го создадоа просторот на кој сега се гордеат.

Станот има 85 метри квадратни, има две соби, две бањи, една канцеларија , и отворен план за станбена површина. И, се разбира, кујна.

Тие ја имаат и ќеркичката Миа, која има своја соба од соништата.

Нивниот стил наликува на нордиски, но со топол акцент.

 

 




Коментари

[fbcomments]