Категории

Се сеќавате ли кога бевме деца? Ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме…

Се сеќаваш ли кога бевме деца?  

Тогаш времето поминуваше многу поинаку, навиките беа други, а забавата и играта си имаат многу поразлична форма од денес.

Тогаш….

-од WC викавме “Мамо! Готов сум”.
-ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме
-гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода.
-мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка
-пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино.
-гледавме цртани во 7 и 15, а потоа знаевме дека е време за спиење
-најстрашниот човек беше “старо купувам”
-жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена
-им се кривевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил
-пушевме грисини
-фаќавме снегулки со јазикот
-гњуревме во када
-кога казната беше да одиме на спиење порано
-се правевме дека сме мртви во креветот кога некој ќе влезеше во собата
-правевме шатори од столици и ќебиња
-си игравме купувач и продавач
-читавме стрипови и се разменувавме со нив
-крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња
-војувавме со децата од другото маало
-правевме чатали, стрели и пушки на тапи
-се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија …
-распустот го поминувавме со баба и дедо
-наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот
-крадевме песок и цемент и градевме бункери
-си игравме жмурки, камај, џамија, школка, народна
-со брканица се загревавме
-кога трчавме на дождот без никаква цел
-кога раскажувавме филмови на клупа
-кога ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат
-цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа
-се пукавме со црвенки
-се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак се враќавме надвор
-кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери
-кога сите бевме во банди и имавме тајни

Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа. Драги родители, поклонете им го детството на вашите деца- го заслужуваат!

Прегледи:
793
Објавено на:
11.03.2020