Категории

Се што давате во животот подоцна ви се враќа вам

Не можете да го добиете она што не го давате, светот е еден голем круг

Во наредните неколку денови, обидете се да го направите следното па забележете како вашата реалност ќе почне да се менува. Што и да мислите дека ви е ускратено, пофалби, благодарност, помош, грижа, вие подарете го тоа.
Иако можеби не го поседувате, однесувајте се како веќе да имате се, и сетоа тоа ќе ви дојде самото од себе.

Притоа, она што мора да го сфатите е дека за да примите морате и да дадете. Одливот го одредува приливот.
Се што мислите дека светот ви скратува, веќе го поседувате. Освен ако не забележувате дека тоа ви заминува а вие го пропуштате.
Изборот се наоѓа насекаде околу вас, почнете со препознавање на можностите.

Топлината на сонцето на вашата кожа, убавите цвеќиња пред цвеќарите, мигот кога ќе загризете сочно овошје или кога ќе се намокрите до гола кожа од дождот.
Среќата во животот е насекаде околу вас, вие одбирате дали ќе ја зебележите со сите ваши сетила или не.
Кога ќе му се насмевнете на некој странец, веќе доаѓа до мал одлив на позитивна енергија. Вие станувате дарител, често себеси си поставувате прашање: „Што можам да дадам? Како можам да и помогнам на оваа личност во оваа ситуација?“

Не е потребно да поседувате нешто за да се чувствувате богато, но кога ќе почнете да се чувствувате така, нештата сами ќе ви доаѓаат.
Звучи нереално но тоа е универзалниот закон.
Дарувајте го она што го немате и тоа ќе го добиете.
Од сега па понатаму, дарувајте му го на луѓето она кое мислите дека животот ви го скратил.

Прегледи:
456
Објавено на:
15.11.2019