Категории

Сè што можете да замислите, можете и да остварите!

Да верувате толку цврсто, лудо и страствено и да не се откажувате се додека веќе нема да сакате да заспиете повторно затоа што конечно ќе го живеете својот сон.

Фантазијата не е измислено место нити дел каде што се собираат сите „недостижни“ и „неостварени“ соништа кои сега можат да жвиеат само таму некаде далеку од вашите достигнувања и вашата реалност. Не! Фантазијата е дар кој треба да го прифатите. Тоа „место“ на кое заминувате кога сте сами со себе, тие мигови кои прават целото тело да ви поминуваат морници кога ќе помислите на нешто, тој сон кој го сонувате сто пати повторно и повторно и кога ќе се разбудите се надевате дека е јаве, таа слика за некој подобар, поубав, поисполнет живот за кој толку често размислувате, сето тоа постои и е толку реално колку и што е во вашата фантазија. Сето тоа може да се оствари!

Се што е потребно е само да верувате дека еден ден ќе го остварите. Да верувате толку цврсто, лудо и страствено и да не се откажувате се додека веќе нема да сакате да заспиете повторно затоа што конечно ќе го живеете својот сон.

Нека вашето остварување започне од само една промена – Навикнете се на помислата дека со секој чекор се движите кон неговото остварување.

Ако продолжите по патот на сомнежите, мора да знаете дека по тој пат нема никогаш да стигнете до целта. Но ако одлучите да бидете сигурни во себеси и во таа слика која толку вивидно постои во вашиот ум, ништо не е невозможно.

Подготвени сте да го остварите само она во кое сте подготвени да верувате. Затоа верувајте дека сте вредни и дека можете. Немојте да ги слушате „гласовите“ во својата глава кои ве обесхрабруваат. Слушајте ја својата фантазија затоа што таму се крие животот за кој сонувате.

Прегледи:
58
Објавено на:
03.06.2020