Категории

Се ”свртевте” ли на новиот кружен тек во Скопје!?

Новиот кружен тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец во вторник официјално беше пуштен во употреба.

Ова ново сообраќајно решение придонесе да се зголеми безбедноста во сообраќајот од Автокоманда кон Железара, а просторот доби целосно нов и уреден лик.

На кружниот тек е поставено и ново  улично осветлување, со 35 столба со висина од  8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати.

Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња, а уредувањето на зелените површини го извршија екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец изнесува околу 53,6 милиони денари. /крај/мф/ст

Прегледи:
954
Објавено на:
13.07.2016