Се враќаат повторно: Трендовите кои беа отфрлени се повторно актуелни

Сјајот за усни повторно завзеде високо место на листата на beauty приоритети

Трендовите доаѓаат и си одан, но кога одеднаш ќе сфатиме дека сето она што сме го сакале и сме го носеле додека сме биле деца е повторно кул, невозможно е да останеме рамнодушни. Почна полека а сега премина во вистинска инвазија. Ви откриваме кои трендови кои беа речиси заборавени, повторно се враќаат на големата врата во оваа нова ера.

Француски маникир
Трендот кој можеби цело ова време стоеше во заборав зад шареноликиот маникир со детали, циркони и апликации, повторно доминира во модниот свет. Долги шпин нокти веќе заминуваат во заборав и повторно се враќаат четвртастите и бадемасти форми со средна должина во нежни природни нијанси.

Сина сенка
Најпопуларниот тренд од ’90-тите веќе го освои модниот свет кога на неколку модни ревии оваа година доминираа мејкап изгледите со сина сенка во комбинација со неутрално лице.

Сјај за усни
Које девојка како тинејџерка не обожаваше сјај за усни и не го носеше во секоја прилика. Денес се повторно ин нијансите на нежно розова и тоа во најсјајна можна верзија. Разликата е во тоа што и остатокот од лицето мора да биде сјаен така што можете да му се препуштите на хајлајтерот и да заборавие на мат пудрата.




Коментари

коментари