Категории

Се заљубуваме во оние кои ни помагаат духовно да растеме

Самата душа ги пронаоѓа тие луѓе, животот го прави потребното. Постои некој за секој од нас кој ќе стане траен дел од нашиот свет; некој близок на наш енергетски план. Ние всушност се заљубуваме во себе, или подобро кажано во нашиот иден јас.

Се заљубуваме во луѓе кои влегуваат во нашиот живот да го забрзаат нашиот духовен раст и да ни помогнат да нурнеме во нашата внатрешна моќ.

Нивната задача е да ни покажат дека веќе поседуваме квалитети кои ни се потребни за нашиот понатамошен развој. Самата душа ги пронаоѓа тие луѓе, животот го прави потребното. Тоа е темел на личниот развој но истовремено и илузија. Ние всушност се заљубуваме во себе, но подобро кажано во оној идниот кој сакаме да станеме.

Тие луѓе кои ги сакаме се одраз на квалитетите кои и се потребни на нашата душа. Секоја маана практично исчезнува во мигот кога започнува трансофрмацијата. Внатрешната трансформација е всушност болна и ние почнуваме да стекнуваме квалитети кои ги сакаме во другата личност.

За да се оствари сето тоа, мораме да поминеме низ некои внатрешни промени кои се однесуваат на нашите лични перпективи и гледишта. Болката не катапултира во нов свет и кога конечно ќе пристапиме во новиот свет, без емоции можеме да ги посматраме случувањата од минатото.

Илузијата конечно исчезнала, а она што останало е само објективната реалност. Поради тоа, не ги обвинувајте другите за своите неисполнети очекувања. Следниот пат вие ќе бидете причината за нечија промена.

Постои некој за секој од нас кој ќе стане траен дел од нашиот свет. Кога тој или таа ќе се појават, веќе не морате да ги барате деловите кои ви недостасуваат. Единственото нешто кое морате да го направите е да се стремите кон создавање на нешто ново, заедно.

Прегледи:
441
Објавено на:
14.02.2020