Категории

Сега е официјално: Ирина Шајк и Бредли Купер повеќе не се заедно!

За можното разделување на омилениот пар во Холивуд долго време се шпекулираше, а од вчеравечер тоа е и официјално. Според податоците на магазинот „People“, парот дефинитивно стави крај на својата долгогодишна романса.

Шпекулациите за раскинувањето започнаа по премиерата на популарниот филм „A Star Is Born“, кога започнаа трачевите за неверојатната хемија помеѓу Бредли и неговата колешка од сетот Лејди Гага.

Ирина и Бредли се забавуваат од 2015 година, а нивната љубов ја крунисаа со раѓањето на своето дете, ќерката Леа во текот на 2017. година. Според анонимни извори на магазинот „People“, парот се труди да најде најдобро решение за старателството над ќерката.

Иако за можната љубов помеѓу Бредли и Лејди Гага се зборуваше до неодамна, познатата пејачка не е причината за раскинувањето. Имено, светските медиуми пренесуваат дека Бредли и Ирина во последно време не се сложувале, па оваа недела одлучиле да се разделат и да ја тестираат својата врска. Покрај тоа, нивните ПР тимови потврдиле дека ништо романтично помеѓу овој пар не се случило.

Прекинувањето на врската на еден од најубавите парови во Холивуд сѐ уште не е официјално потврден, ниту пак парот сакал да дава било какви изјави или коментари.