Секое нејзино кафе е уметничко дело! Од пената од млекото прави неверојатни 3Д слики (ВИДЕО)

Заборавете на сите срциња и други мотиви кои досега сте имале прилика да ги видите во шолјите со капучино или еспресо. Она што го прави Чанг Куеи Фанг од Тајван ги преминува сите досегашни умешности во шолјите со овој црн напиток.

Таа од пената од млекото креира 3Д скулптури или по ваша желба црта портрет на некоја личност. За таа намена, користи само лажичка и четка, а боите се од еспресо кафето и чоколадо.

За разлика од обичните, кафињата во нејзиниот локал имаат нешто повисока цена – околу 23 долари. Но, тоа можеби и не е толку скапо ако некому сакате да приредите незаборавен подарок.




Коментари

[fbcomments]