Категории

Секое утро повторно добиваш шанса за нов почеток

Секое утро повторно добиваш шанса за нов почеток, немој да се разбудиш и да го земеш тоа здраво-за-готово.

Ова е животот, и е она што е. Се случува сешто. Нештата ќе станат комплицирани. Понекогаш ќе се срушиш. Ќе ти е потребно бегство од се. Ќе бидеш ранлив, но исто така ќе бидеш и силен.

Понекогаш се ќе ти се лизга од рацете, ќе изгубиш луѓе кои ги сакаш, ќе молиш некого да остане покрај тебе.
Во некои денови ќе чувствуваш се одеднаш, додека во некои други нема да чувствуваш апсолутно ништо. Ќе бидеш поразен, ќе паднеш но исто така ќе се искачиш и на врвот.

Ќе бидеш среќен и задоволен за сите нешта кои ти се случуваат. Ќе има мигови кои ќе бидат толку прекрасни што ќе мислиш дека сето тоа е сон, ќе ти се остварат оние желби за кои никогаш не си ни помислувал дека можат да бидат реалност. Понекогаш ќе бидеш исплашен и изгубен.

Но тоа е она кое го сочинува животот, таа слатка-горчина која го прави толку прекрасен.
Секое утро повторно добиваш шанса за нов почеток, немој да се разбудиш и да го земеш тоа здраво-за-готово.

Прегледи:
163
Објавено на:
16.08.2020