Категории

Секогаш ќе има луѓе кои ќе те сметаат за помалку вреден – Нека бидат твоја отскочна даска

Многу луѓе на овој свет и многу нешта ќе те натераат да помислиш дека си помалку вреден, но не грижи се, тие се само твоја пресвртница.

Тие се тука за да научиш да не потпаѓаш под влијание на гласовите на критичарите, на не земаш се при срце и дека во животот никогаш не смееш да дозволиш да бидеш жртва на нечија завист.Тие се тука за да ја пронајдеш прозитивноста во себе.

Многу луѓе на овој свет ќе се ставаат над тебе, но само на тебе останува дали ќе ја прифатиш цената која тие ти ја лепат или ќе ја истакнеш онаа за која си свесен и знаеш дека ја поседуваш. Само ти можеш да ги земеш нештата во свои раце и само ти одлучуваш за твојот живот и твојата личност.

Опкружи се само со луѓето кои прават да се чувствуваш прекрасно во своја кожа, кои ја ценат и почитуваат твојата индивидуалнос и те прифаќаат онаков каков што си. Само тогаш, овие другите нема да поседуваат никаква моќ, ќе станат потполно неми и невидливи.

Биди свесен за сопствените квалитети и никогаш не дозволувај некој да смета дека нешто кај тебе не е доволно важно. Моќта лежи исклучиво во твоите раце секојдневно да ја создаваш подобрата верзија на себеси, онаа која сакаш да ја гледаш секој ден во огледалото.