Категории

Секој ден можеш да се надеваш на чудо и да видиш колку надежта може да го преобрази твојот живот

Низ што и да си поминал, немаш причина секој ден да не се будиш со насмевка на лицето и тоа да му го подариш на некој друг. Луѓето кои одбрале таков пристап во животот никогаш не се покаиле. Никогаш не знаеш што можеш да се случи во текот на еден ден кога имаш верба во себе и кога им даваш приоритет на своите соништа а не на она кое другите го зборуваат.

Поедностави го животот и не собирај талог од негативни мисли и чувства во себе. Слободно кажи отворено што мислиш и олесни ја својата душа. Стравот на кој си му дал простор во себе земал и повеќе отколку што си очекувал. Секој обид со сомнеж да градиш иднина ја брише таа иднина и остава празен простор поради твоите несигурности. Во обид да го пронајдеш твојот мир на крајот ќе сфатиш дека најважно е да ги ослободиш срцето и душата од сите замерки, од себеси и другите.

Секој ден можеш да се надеваш на некое чудо и да видиш колку надежта може да го преобрази твојот живот. Престани да си префрлаш на себеси поради минатото, неостварените соништа, несредени односи, невозвратени љубови, не носиш одговорност за сите порази во својот живот. Се случува некогаш да не можеш ништо да промениш освен да извлечеш поука. Немој поради нив да си натоваруваш комплекси кои не ти требаат, издиши ги засекогаш тие грижи и вдиши спокој.

Сфати дека сите овде сме само патници. Пред стотина години не не имало, за сто години исто така нема да не има и затоа не ги сфаќај премногу сериозно проблемите кои ги имаш, нема вечно да траат, не треба да го упропастуваш својот живот со битки во кои нема ништо да добиеш но сосема сигурно се ќе изгубиш. Поедностави го својот живот и кажи им на оние кои ги сакаш дека ги сакаш и ќе почувствуваш нешта кои не си можел да ги замислиш.

Прегледи:
93
Објавено на:
05.12.2020