Категории

Секој е тука со причина – Никој не дошол случајно на овој свет

Можеби вашата цел на овој свет е да усреќите некого и да му вратите надежта во љубовта и вербата

Секој се раѓа со одредена цел на овој свет. Некој за да стане успешен и познат, некој за да открие нешто ново, некој за да создава и твори, а некој за да го исполни животот на некој друг.
Помислете само колку еден навидум незначаен гест на љубезност, една насмевка, топол збор можат да направат многу за некој друг. Можеби токму тој збор или токму таа насмевка некому ќе му подари верба и надеж, ќе ја подигне неговата самодоверба и ќе го натера да поверува дека неговите соништа не се неостварливи и бесмислени.
Можеби поради тие неколку зборови личноста ќе стане храбра, одлучни, силна и трпелива, ќе направи нешто кое никој не успеал да го направи.

Понекогаш за нас сето тоа изгледа како нешто мало, понекогаш нема смисла, но за нечија душа може да биде многу.
Бидете причината поради која некој денес нема да се откаже од надежта и вербата во животот, бидете некому причина за живот.

Прегледи:
513
Објавено на:
18.06.2020