Категории

Секој хороскопски знак има среќен ден и среќен број. Дознајте кој е вашиот!

Астролозите трдат дека секој знак од Зодијакот има денови и броеви кои посебно им носат среќа и дека треба да се искористат за големи планови и нови почетоци.

ОВЕН

Овните честопати добиваат на игри на среќа, а особено кога станува збор за игра со бројки. Меѓутоа, ако планира да започне некоја работа, астролозите тврдат дека неговиот среќен ден е вторник. Бројот кој на Овните им носи среќа е 1. Исто така и бројот 10 за нив е среќен број.

БИК

Астролозите велат дека за Биковите најдобар ден е петок, а среќа им носи бројот 2, па се препорачува доколку планираат да започнат нова работа да го направат тоа во петок. Добри броеви за овој знак се и 11 и 20.

БЛИЗНАЦИ

Според хороскопските толкувања, најсреќен ден за Близнаците е среда, ден на Меркур и комуникацијата, а број кој дефинитивно им носи среќа е бројот 3. Меѓутоа, Близнаците имаат и уште неколку среќни броеви на кои можат да сметаат – 12, 21 и 30.

РАК

Среќен број за Ракот е 4, а ден – понеделник со кој владее Месечината, главната планета на ова соѕвездие. Меѓутоа, овој знак има уште еден ден кој може да му донесе среќа, а тоа е петок. Покрај бројот 4, раковите може да сметаат и на броевите 13, 22 и 31.

ЛАВ

Лавовите се сметаат за среќни луѓе. Нивниот среќен ден е недела, а најсреќен број 5.

ДЕВИЦА

Девиците не веруваат премногу во среќа, бидејќи тие се аналитични и сметаат дека многу зависи од нив. Сепак и тие имаат среќен ден и број. Среќниот број им е 6, а ден среда.

ВАГА

Родените во знакот на Вага сакаат живот на „висока нога“. Важат за знак кој добива сѐ со шармот, но и кој верува во среќни броеви. На Вагите среќен број им е 7, а ден – петок.

ШКОРПИЈА

На Шкорпиите среќен број им е 8, а ден – вторник.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се сметаат за вистински среќници бидејќи со нивното соѕвездие владее планетата на среќа и благосостојба Јуптер. Среќен ден за Стрелците е четврток, а број 9.

ЈАРЕЦ

И Јарците имаат среќен ден и број. За нив, среќен број е бројот, а ден сабота.

ВОДОЛИЈА

За Водолиите кои исто така обожаваат и игри на среќа, среќен број е 2, а ден сабота.

РИБИ

Според астролозите, за Рибите среќен број е бројот 3, а ден – четврток.