Секој има право да го избере својот пат и да ја пронајде својата среќа

Среќата е релативна и секој ја чувствува на различен начин. 

Ги гледаме луѓето кои ги напуштаат врските како тие да се чудовишта, како е возможно повеќе да не сакаш некој кој се однесува добро со тебе, некој кој за тебе жртвувал нешта, се откажал од работата или се преселил..
Но всушност вистината е таа дека на сите нам ни е дозволено да одлучиме дека повеќе не сакаме да го правиме тоа, без оглед на тоа што другиот направил за нас.

Зошто да се принудуваме себеси да останеме несреќни само затоа што некој се однесува добро со нас?
И во ред можеби не постои причина поради која би биле несреќни ако тие се однесуваат добро спрема нас, но тоа е сосема друга тема.
Среќата е релативна и секој ја чувствува на различен начин.
Едноставно на секој човек му е дозволено да направи свој избор, и понекогаш не се работи за начинот на кој другите се однесуваат од нас, се работи за патот по кој сакаме да чекориме и сметаме дека тоа е вистинскиот избор за нас. Понекогаш тоа едноставно не е оној најрамниот и најсигурниот пат, понекогаш нашиот вистински пат е сосема друг, оној кој треба самите да го откриеме.




Коментари

[fbcomments]