Категории

Секој реагира различно кога е тажен: Екстровертните се продуктивни, интровертните се затвораат во себе!

Кога сме тажни најчесто сакаме да спиеме, да останеме долго во креветот, да читаме книга и да гледаме тажни филмови. Но, некои луѓе тогаш постигнуваат значајни професионални резултати, покажува истражувањето на Универзитетот во Ватерло.

Се работи за екстровертни луѓе кои нерасположението ги тера да бидат попродуктивни, повеќе фокусирани, попаметно да го организираат времето и да воспостават подобар приоритет над задачите. Интровертните луѓе, од друга страна, преферираат да не прават ништо кога се нерасположени. Научниците анализирале 85 луѓе кои се бореле со стресот. Ги поделиле во две групи, екстровертни кои имаат побрзи и поинтензивни реакции и интровертни кои се поспори и посмирени.

Екстровертните луѓе постигнале подобри резултати на тестовите за продуктивност кога биле нерасположени, додека пак на интровертните лошото расположение дополнително им влијаело во извршувањето на задачите. Не може со сигурност да се тврди зашто тоа е така, но научниците шпекулираат дека екстровертните се повеќе навикнати на негативните емоции, па истите не им пречат во секојдневните обврски.