Секоја недела од месец март донирајте облека и добијте гратис кафе на „Бродот на среќата“

Споделувањето е најдобар начин да покажете дека се грижите за некого. Понекогаш е потребно многу малку за да направите некого среќен и да му го разубавите денот. Со отворањето на „Копче“, нашиот град доби многу повеќе во борбата за подигање на свеста кај луѓето за хуманоста и сето она што можат да го направат за другиот. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Копче (@kopce.skopje) on


Копче“ означува колективна свест, искрени намери и заедничка цел. Како проект развиен од долгогодишното работење на Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје во областа на донирањето и дистрибуција на облека до најзагрозените, Копче овозможува секој од нас достоинствено да си го купи своето парче облека по достапни цени за секого.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Копче (@kopce.skopje) on


Со цел да се овозможи што поголем број на парчиња облеки за сите возрасти, покрај продавницата на „Копче“, граѓаните имаат можност да подарат облека в0 кутијата за донации која што е поставена на „Бродот на среќата“, а секоја недела во текот на овој месец ќе добиете гратис кафе за секоја донација, симболично испраќајќи порака дека секое добро дело се вреднува и се возвраќа со добрина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coffee bar & Event center (@srekja.cafe) on


Хуманоста е особина, но исто така таа се учи во текот на животот. Помагајќи им на другите правите добро дело за себе, а воедно давате пример за останатите. Бидете и вие дел од оваа среќна приказна, донирајте и уживајте во прекрасната атмосфера на „Бродот на среќата“.




Коментари

коментари